ВМРО-ДПМНЕ 11 години го потценуваше трудот на земјоделците, а субвенциите и распределбата на земјоделското земјиште ги злоупотребуваше за поткуп и уцени кон земјоделците. Додека стотици милиони евра пари на граѓаните се трошеа за криминалните апетити на Никола Груевски, земјоделците беа малтретирани, понижувани и злоупотребени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, заврши времето на негрижа на државата кон земјоделците. Владата предводена од СДСМ за само четири месеци исплати 68 милиони евра субвенции кон земјоделците, го спроведе проектот со кој се обезбедија 10 000 евра неповратни средства за млади земјоделци, а обезбеди и нови дополнителни 10 милиони евра за Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Конкретно за производителите на ориз, Владата најави зголемување на субвенциите од 18.000 денари по хектар за засеана површина со ориз. Тоа се дополнителни 18.000 денари на веќе постоечките субвенции. Преку оваа силна дополнителна поддршка и зголемување на субвенциите оризопроизводителите ќе се мотивираат да го зголемат своето производство.
Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ја гледаат разликата и ги чувствуваат придобивките од одговорното, домаќинско и отчетно работење на Владата предводена од СДСМ и затоа на локалните избори ќе изберат нови локални власти кои ќе работат одговорно, отчетно и во интерес на граѓаните.