Од владата која ветуваше транспарентност има целосен молк за скандалот со Телеком и само назначувањето на Рашковски за претседател на собранието на Телеком за хонорар од 500 евра.

Сега е јасно зошто се обидоа го сокријат неговото назначување на таа позиција намерно и свесно не информирајќи ја јасноста во месец август. Сакале да сокријат незаконско само назначување.

Спротивно на закон, Рашковски се само назначи на позиција во Телеком за 500 евра хонорар. Генералниот секретар, секој месец инкасира над 1.000 евра плата, и по 500 евра од одржана седница во Телеком

Ова е кршење на законот. Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, службеното лице Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Драги Рашковски како Генерален секретар на владата да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком.

Користејќи ја својата функција, Рашковски шири непотизам.

Без срам, Рашковски ја вработи неговата баба, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска како претседател на Комисијата за жалби. Го вработи и неговиот кум, Дејан Костиќ, кој беше ангажиран за адвокат на Генералниот секретаријат на владата и покрај тоа што владата има правна служба.

Сите овие лица треба да ги вратат парите и да поднесат одговорност пред граѓаните.

Јавно го повикуваме Рашковски поради незаконско само назначување и евидентен судир на интереси да си поднесе оставка од местото во Телеком.

Откако СДС дојде на власт, секојдневно јавноста гледа криминални скандали, непотизам и беззаконие кое владее во државата.

Нема ден да не помине без криминален скандал, а владата на Заев го толерира и поттикнува криминалот во секој облик.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2017 13:41