Кадрите на СДС по своја волја скратуваат бенефиции и мерки кои беа олеснување за секој граѓанин на Македонија. Најмногу удрија по грбот на студентите и средношколците. Укинувањата на бенефициите кои ги имаа младите лица е надвор од сите граници.

Деновиве НУ Театар Комедија е нивна мета. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пред 5 години го оформи Театар Комедија и менаџментот на истиот за кусо време успеа да го издигне на ниво на најатрактивните театри во државата, секогаш внимавајќи на квалитетот на претставите како краен продукт на еден театар.

Обидувајќи се театарот да го направиме што подостапен до младата публика, владата на ВМРО-ДПМНЕ воведе мерка бесплатни претстави за студенти и средношколци, популарно наречени „Средношколска среда“ и „Слободен четврток“ за студенти.

Сегашната управа на Театар Комедија во координација со нивниот Управен одбор, но не и со останатите театри од Македонија, бескрупулозно ги укинаа бесплатните претстави.

Средношколците и студентите повеќе нема да можат бесплатно да бидат дел од публиката во Театар Комедија. Толку од заштедата на која внимававме да ја имаат.

Културата треба да се доближи до младиот свет, но не на сила. Уметноста на даските што живот значат, почна повеќе да допира до младите во моментот кога им го олеснивме пристапот до театарските претстави. Младите се иднината на театарската публика во Македонија. Тие се иднината на уметноста и на македонскиот културен свет. А сега, кадрите на СДС гледаат од сите страни што повеќе да приграбат од македонската младина.

Впрочем, не ни очекувавме нешто поразлично од СДС. Тие своите фрустрации од неможноста да им се допаднат на граѓаните и легитимно да победат на избори, сега ќе ги пласираат удирајќи по џебот на најмладите. Како и до 2006 така и сега, сведоци сме на немањето слух за потребите на младите во Република Македонија. СДС сега повторно применува мерки кои ќе ги одвратат младите од театарските претстави бидејќи очигледно нивната цел се празнат театарски салони.

Но, не за долго. 15-ти октомври е денот кога граѓаните ќе им покажат дека нелегитимната власт на СДС е на стаклени нозе. Локалните избори ќе бидат вистинскиот показател на поддршката која граѓаните на Република Македонија ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ. Во рацете на граѓаните е иднината на Македонија, културните политики и стратегии во Македонија во кои очигледно манипулативната власт на СДС не се вклопува.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2017 13:51