Саудиските безбедносни сили спречија обид за вооружен напад врз кралската палата „Дар ас Салам“ во градот Џеда, објави електронското издание на локалниот весник „Рај ал Јаум“

Според весникот, кој се повикува на безбедносни извори, во близина на палатата дошло до престрелка, при што загинале напаѓачот и неколку припадници на обезбедувањето на резиденцијата.

Саудиските власти досега не ги коментираа ваквите информации.

Претходно, американската амбасада во Саудиска Арабија ги предупреди државјаните на САД „да бидат внимателни“ доколку се движат во реонот околу кралската палата во Џеда, бидејќи добила информации дека во тој дел „дошло до престрелки и дека има загинати“.

Во соопштението се посочува дека Амбасадата добила неколку непотврдени дојави оти саудиските безбедносни сили спречиле обид за напад во близина на кралската палата.

Палатата „Дар ас Салам“ е државна резиденција во која се наоѓа кабинетот на саудискиот крал и се одржуваат седниците на Владата.

Изминативе месеци саудискаите власти информираа дека спречиле неколку обиди за терористички напади во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2017 23:04