Американскиот потпретседател Мајк Пенс синоќа напушти натпревар на тимот Индијана Колтс, откако дел од навивачите клекнаа за време на интонирањето на американската химна.

Самиот Пенс и навивачите на стадионот стоеа исправено за време на химната, со рака врз срцата, но дел од играчите се приклучија на масовниот протест кој веќе со недели трае во редовите на американската фудбалска (рагби) лига. Протестот, кој го почна играчот Колин Каперник, го применуваат главно афроамерикански играчи кои наведуваат дека со клечење на химната укажуваат на расната нетрпеливост во САД.

Потпретседателот Пенс изјави дека го напуштил натпреварот во неговата родна Индијана бидејќи клечењето за време на химната претставува непочитување на американските војници, знаме и химна.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2017 08:06