Единствено нешто по што стана препознатливо расипничкото раководство на СДС и Зоран Заев во изминативе 4 месеци се криминалот и беззаконието кое го донесоа во Република Македонија.

Криминалот, корупциските афери станаа друго име на владата на СДС и Заев.

СДС на граѓаните им ветуваа дека имаат план за подобар живот, им ветуваа поголеми плати, нови вработувања, но веднаш по доаѓањето на власт Заеви ја злоупотребија својата позиција за купување на големи индустриски гиганти за багателни цени.

Трајче Заев за само 20.000 евра го купи индустрискиот комбинат „Герас Цунев“ кој се простира на површина од 7.000 метри квадратни.

Купија објект од 7.000 метри квадратни за смешна цена од 20.000 евра, од прилика колку што чини една гарсониера од 20 квадрати во Скопје.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев наместо да работи за интересите на граѓаните тој првенствено ги стави интересите на своите фирми.

За да му се удоволи на бизнис кланот на Заев и Анѓушев, владата го прекрши Изборниот Законик и изврши пренамена на земјоделско земјиште во градежно, за да фирмите на Анѓушев непречено и побрзо ја изградат хидроелектраната „Тополка“.

Во брзање да се отпочне работата, фирмата на Анѓушев не чекала ниту одобрението за градба да стане правосилно, туку веднаш почнала да гради првенствено водејќи се од профитот, а не од по важечките закони.

Но ова не е првиот ниту последниот корупциски скандал на тендерашот Анѓушев, пред неполн месец фирмата во сопственост на вицепремиерот Анѓушев, доби тендер за набавка, односно увоз на електрична енергија во вредност од 2,6 милиони евра. Но поради притисокот од јавноста и очигледниот криминал тендерот беше поништен од страна на ЕЛЕМ.

Ова претставува целосно ставање на државата во корист на неколку фирми во сопственост на криминалниот клан на власта.

Генералниот секретар Драги Рашковски наместо реформи и јакнење на капацитетите на владата поважно му беше да ги постави своите роднини на високи државни функции.

За неполни 4 месеци единствена реформа по која Рашковски стана препознатлив, е што сам се назначи за член на одборот во Телеком за хонорар од 500 евра, крајно непотистички ја постави својата баба Елена Начевска, мајка на својата жена Вероника Начевска за претседател на второстепена комисија за жалби, ја ангажираше адвокатската канцеларија на својот кумашин Дејан Костиќ како правен застапник на владата и покрај тоа што владата има своја правна служба која може да ја врши истата работа.

Заев и неговото криминогено раководство ја ставија својата желба за лично богатење и своите бизнис интереси пред интересите на граѓаните.

Одговорност за ваквото расипничко однесување мора да има и ќе има. Поради ваквите политики граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори. СДС на 15-ти октомври убедливо ќе биде поразен.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2017 11:11