СДС ја губи поддршката од граѓаните и ги фаќа страв од поразот. Затоа се обидуваат да купат поддршка на разни начини. Владата ги наполни невладините организации со милион евра пред избори. Пари за повисоки плати и пензии нема, но има дополнителни 5 милиони денари од буџетот на сметка на невладиниот сектор во последниве недели.
Министерот Тевдовски молчи и не одговара на прашањата кому се префрлаат и зошто огромни средства пред избори и кој ја донел оваа одлука. Дали начинот и распределбата на парите од граѓаните сега го диктираат невладините активисти кои седнаа во владините фотелји кои им ги додели владата на СДС.
Станува очигледно дека нема трага од ветената транспарентност во работата на владата.
Јавноста се сомнева дали парите наменети за изградба на инфраструктура, здравствени и образовни објекти ги пренасочила во предизборен „пазар“ и купување на гласови.
Министерството за финансии со денови молчи за тоа каде завршија парите „адресирани“ за зголемување на платите и пензиите.
Животниот стандард на граѓаните на Македонија, бруто домашниот производ и економијата одат во надолна линија, а ветената транспарентност во работата на владата никаде ја нема, министерот Тевдовски не ја спроведе ветената транспарентност и не и објасни на јавноста каде и поради кои причини граѓаните не ги добиваат ветените пари за покачување на платите и пензиите.
Ваквото однесување на СДС мириса на предизборен криминал и обид за купување на гласови. Ваквото неодговорно однесување на неспособната владата на СДС ќе биде казнето на 15-ти октомври, а по враќањето на правната држава, секој ќе одговара за незаконските дејствија што ги преземал.