СДС ги губи изборите и е во паника. Затоа Заев и неговите функционери секојдневно ги злоупотребуваат позициите и ресурсите за партиски цели.

Разграничување на партијата и државата не постои за Мила Царовска.

Царовска во изминатите 2 недели ја изедначи партијата и државата.

На граѓаните секако им следуваат социјална помош или пензии кои Царовска е должна како министерка да ги исплаќа, бидејќи за тоа зема плата. Очигледно министерката е понесена од еуфоријата, а сега ги злоупотребува можностите на државата за партиски цели на СДС. Царовска е повеќе на митинзи и партиски трибини отколку на работа.

На Царовска треба да и е јасно дека нејзините секојдневни испади, закани, притисоци и поткупи кои ги спроведува на терен низ цела Македонија се чист предизборен криминал. Таа прави услуги за СДС врз грбот на државата и граѓаните.

Играњето со емоцииите и судбината на најранливите категории во државата на кои Царовска треба да им пружи најголема поддршка и помош, скапо ќе биде наплатено на 15-ти октомври. На 15-ти ќе се стави крај на хаосот што го креира неспособната влада на СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2017 22:22