Неспособните Заев, Тевдовски и Царовска со политиките кои ги водат се на прагот да ја донесат Македонија до тотално помрачување.

Граѓаните на Република Македонија оправдано стравуваат за колапсот кој што може да им се случи ако продолжи ваквата политика на владата на СДС.

Македонската економија веќе е во рецесија, нема покачување на пензиите, а просечната плата се намалува наместо да се зголемени на 500 евра.

Индустриското производство пропаѓа, градежништвото опаѓа, а кога опаѓа градежништвото со него опаѓаат уште 25 индустриски гранки кои се поврзани со него.

Заев не донесе ниту една странска инвестиција, а згора на тоа сака да ги избрка и постоечките. Сето тоа по заслуга на неефикасните економски политики на Тевдовски и Заев. Покрај тоа Заев и Министерството за труд и социјална политика, предводено од Мила Царовска, не отстапуваат од планот за населување на 150.000 мигранти во 17 општини во Македонија и за истото одбиваат да ја слушнат волјата на граѓаните за распишување на референдум.

СДС нема намера да го праша народот, СДС не сака да излезе со референдум за мигрантите туку спроведува нарачани политики.

Фактот дека во овие општини планираат да вдомат 150.000 мигранти е запрепастувачки.

Не земајќи го предвид тоа дека општините и локалната власт немаат доволно капацитети да примат толкава бројка на луѓе, најпрво немаме толкава инфраструктура каде би се граделе толку згради по општините, а потоа нема толкав капацитет на институции кои би ги опслужиле. За на истите тие луѓе да им се обезбедат работни места првично треба да се отворат работни места.

За сметка на тоа на македонските државјани ќе се скратат работните места.

Дали вака планира Заев да ја врати раселената младина?

За народот најголем референдум ќе бидат изборите на 15-ти октомври за кои Заев се спротивставува.

Иако СДС не прифаќа распишување на референдум за тоа прашање по барањето на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, овие избори сепак ќе бидат најголем референдум и ќе бидат одлучувачки.

Народот ќе каже што мисли за антидржавните политики на СДС и ќе стави крај на агонијата која што ни се случува. На 15-ти октомври почнува падот на оваа ненародна и неспособна власт.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2017 22:25