Севернокорејското раководство им порача на руски пратеници дека поседува балистичка ракета со дострел од 3.000 километри, која по модернизацијата, ќе може да стигне до американска територија.

Пратеникот и член на Одборот за меѓународни односи во Долниот дом на рускиот парламент, Антон Морозов ги соопшти овие информации, по посетата на Пјонгјанг од 2 до 6 октомври, пренесува Ал Џезира.

– Северна Кореја сака да го зголеми дострелот на балистичките проектили на 9.000 километри, посочи Морозов, додавајќи дека на средбата не станало збор за некоја временска рамка за остварување на таа цел.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2017 14:21