Владата на СДС продолжува да создава хаос во здравството.

Неспособноста на СДС во здравството е фатална, а црниот биланс на Детската клиника постојано се зголемува.

СДС е одговорен за уште едно починато дете на Клиниката за детски болести во Скопје.

Поради неодговорните и нестручни раководни кадри на СДС во Министерството за здравство и на Клиниката, уште еден детски живот заврши трагично.

Веќе четири месеци откако е на власт, СДС не ја отвора новата интензивна нега на Детска клиника која е одамна готова.

Заменик министерот за здравство поставен од СДС и директорката-туристка не го отвараат комплетно подготвениот и опремен оддел за интензивна нега на Детска клиника, веројатно за да го прикажат подоцна како заслуга на СДС? Зошто децата на кои им е најпотребна помош, ги оставаат на немилост?

На толку вложени инвестиции од претходната Влада, набавена нова медицинска опрема и сериозно унапредени услови за третман на децата, СДС покажа дека се неспособни да менаџираат и раководат во здравството.

Да не дозволиме неспособноста на СДС и понатаму да резултира со фатален исход! Да ги казниме на 15-ти октомври!



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2017 14:26