СДС за само 4 месеци направи хаос во уметноста и ја врати Република Македонија во 1949-та година. СДС воведе цензура од севернокорејски тип за секое различно мислење и за секој автор или дело кое не му се допаѓа на Заев. СДС целосно ги партизираше и парализираше културните институции. Нивната политика е длабоко навлезена во културата. Министерот Алаѓозовски и неговиот ментор Заев поставија луѓе на одговорни функции во институциите, кои не ги исполнуваат обврските што ги имаат, туку се ставени во целосна функција на партијата.

Директори, в.д. директори, раководители, буквално ги злоупотребуваат своите позиции во културните установи секојдневно вршејќи политички хајки кон своите вработени кои не се истомисленици. Политичкото самоволие на СДС во културата покажува дека за нив државата и партијата се едно.

Деструктивноста на СДС и министерот Алаѓозовски оди до таму што нивните културни директори и советници без никакво образложение, ја повлекоа претставата на бардот на македонскиот театар Љубиша Георгиевски. Неодамна слично патешествие имаше и филмот на продуцентката Лабина Митевска, која обвини за цензура и политички притисоци во отвореното писмо до премиерот Заев. Во Македонската опера и балет, ново-назначените директори ја злоупотребиле својата позиција и вршеле притисок врз македонската оперска певица Ана Дурловски.

Секојдневно сме сведоци на недемократските потези на министерот Алаѓозовски, неговите советници и директори. Тие во име на „културата“ без некои поголеми образложувања самоволно откажуваат претстави, цензурираат филмови, стопираат капитални уметнички проекти, вршат притисоци врз уметниците и така натаму.

Затоа граѓаните се повеќе веруваат дека оваа насилa формирана влада наскоро ќе го доживее својот крај. Со тоа ќе запре агонијата на целото општество вклучувајќи ја и културата како еден од основните детерминанти. Првиот чекор за враќање на државата кон нејзините основни вредности ќе биде направен на 15-ти октомври кога со голема победа на локалните избори, ќе започне процесот на враќање на државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2017 14:28