Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон вечерва во својот говор пред регионалниот парламент изјави дека Каталонија ги почитува резултатите од референдумот одржан на 1 октомври.
Тој истакна дека ќе водат дијалог со Шпанија за да се постигне целта.
По едночасовно доцнење Пуџдемон се обрати пред регионалниот парламент во Барселона, а пред зградата на законадавниот дом се собрани илјадници граѓани кои го следеа неговиот говор.