Шпанскиот премиер Маријано Рахој побара од каталонската регионална Влада да се изјаснат дали формално прогласиле независност, пред Мадрид да интервенира во регионот.

Тој упати закани дека е можно да се укине автономијата на Каталонија. Тоа е побарано пред да се активира евентуално Членот 155 од шпанскиот Устав според дкој Мадрид има право да презема контрола над автономен регион доколку регионот „не ги исполнува обрските од Уставот и законите и ако дејствува спротивно со интересите на Шпанија“.

Тоа барање до каталонските лидери уследи по денешната вонредна седница на шпанската Влада, но засега не е јасно во кој рок Карлес Пуџдемон мора да се изјасни за синоќешните случувања во Барселона кога каталонскиот парламент прогласи и веднаш потоа ја суспендираше декларацијата за независност.

- Сакаме се да биде јасно во согласност со законите. Следните чекори ќе зависат од одговорот на каталонскиот парламент, напиша Рахој на Твитер по седницата на Владата.

Декларацијата за независност на Каталонија потпишана вчера од каталонските пратеници засега е симболичен акт, изјави портпаролот на регионалната Влада.

– Декларацијата треба да биде направена од каталонскиот парламент, и засега тоа не е така, објасни Жорди Турул. Потпишувањето беше симболичен кат со кој сите поврдивме дека сме за независност, дополни тој.

Според најавите, Пуџдемон ќе ја достави декларацијата на усвојување во каталонскиот Парламент, доколку Мадрид одбие дијалог, како што најавуваше досега или ако евенталните преговори не резултираат со договор за надминување на кризата.

Пуџдемон синоќа пред регионалниот Парламент во Барселона изјави дека Каталонија ги почитува резултатите од референдумот одржан на 1 октомври, но предложи „суспендирање на прогласувањето независност, за во пракса да се работи на спроведување на резултатите од референдумот“ и ги поздрави повиците за дијалог со Мадрид.

- Денеска правиме гест на одговорност, заради продолжување на дијалогот, истакна Пуџдемон во обраќањето пред каталонскиот Парламент



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2017 22:09