Европската комисија денеска порача дека ги поддржува напорите за унапредување на единството во Шпанија и повторно повика за целосно почитување на уставниот поредок на земјата.
– Комисијата внимателно ја следи ситуацијата во Шпанија и повикува за целосно почитување на шпанскиот уставен поредок, изјави на прес-конференција потпретседателот на ЕК, Валдист Домбровскис.
Според него, ЕК ги поддржува напорите за „надминување на поделбите и обезбедување единство и почитување на шпанскиот Устав“.
Претходно, шпанскиот премиер Мариано Рахој побара од каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон да разјасни дали прогласил или не независност. Тој истакна дека тоа е прв чекор кон активирање на Членот 155 од шпанскиот Устав.