„Криминалната и коруптивната власт на СДС за само четири месеци покажа како функционира една киднапирана државата.
Кога СДС е на власт, насекаде владее криминал, корупција и непотизам.
Заев и неговите криминални и непотистички кланови ја искористија власта за лично и семејно богатење. Братучедот на Заев, Трајче Заев успеа да го купи гигантот „Герас Цунев“ кој се простира на површина од 7.000 метри квадратни и тоа за само 20.000 евра. Тоа е всушност сума на пари од кои може да се купи една гарсониера со површина од 20 метри квадратни.
Генералниот секретар Драги Рашковски не ја испушти шансата да си ги постави своите роднини на високи државни функции. Исто така сакајќи да го прошири своето лично богатство се само назначи за член на одбор на Телеком за да секој месец добива хонорар од 500 евра.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев за краток период успеа да го прекрши Изборниот законик и да изврши пренамена на земјоделско во градежно земјиште, само за да фирмите на Анѓушев можат непречено и побрзо да ја изградат хидроелекраната „Тополка“.
Додека функционерите на СДС криминално се богатат, граѓаните добиваат намалување на плати и се поголемо ширење на сиромаштија и беда во државата.
Одговорност за ваквото расипничко однесување мора да има и ќе има. Поради ваквите политики граѓаните ќе го казнат СДС на 15-ти октомври на претстојните локални избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.