СДС уништуваше и мафијашки приватизираше фирми во минатото, истиот план за раскрчмување и распродажба на јавните претпријатија го имаат и сега во изборните програми на нивните градоначалници и без ни малку срам го најавуваат како нивни големи проекти.
За само четири и пол месеци откако СДС дојде на власт, спрегата помеѓу власта и бизнис олигарсите е се повидлива и е на штета на сите граѓани во Република Македонија.
Бизнис интересите на СДС и фирмите блиски до нив и сега и во минатото биле и се врвен приоритет и единствена сфера на интерес на владата на СДС.
Со криминално-транзициската приватизација, расипничката влада на СДС во минатото успеа да ги да ги приватизира и да ги продаде сите профитабилни градски и општински претпријатија и истите да станат сопственост на мал број криминално–бизнис кланови блиски токму до СДС.
На ваков ист криминален начин беше приватизирано и тогашното Јавното претпријатие „Скопски пазар”,едно од најпрофитабилните претпријатија во град Скопје.
Скандалозната приватизација и менувањето на сопственичката структура на „Скопски пазар” од страна на владејачката гарнитура на СДС, влијаеше на цените на закупот на тезгите, кои драстично пораснаа веднаш откако оваа претпријатие беше приватизирано.
„Скопски пазар” од услужно претпријатие кое беше во надлежност на град Скопје и претпријатие кое требаше да се грижи за хигиената и обезбедување соодветни услови на пазарите и пазарџиите, со менување на сопственичката структура, прерасна во монопол.
„Скопски пазар” стана компанија каде пазарџиите за закуп на тезгите плаќаат неверојатни високи цени на закупнина од 10-тина евра од квадрат и каде една тезга чини од 100 до 150 евра месечно.
Повисоките цени на закуп на тезгите кои ги плаќаат пазарџиите, за разлика од порано, автоматски ги поскапеа и цените на овошјето и зеленчукот кои скопјани треба да ги купат.
Пресметките велат дека оваа фирма во времето кога СДС беше на власт користејќи ја владината уредба, за помалку од 100.000 евра ги има купено и Зелен Пазар и Бит Пазар, иако пазарната цена на земјиштето според овие проценки е над 12 милиони евра.
Криминалната приватизација на овие претпријатија која ја спроведе СДС, имаше негативно влијание и врз општинските буџети, па така наместо парите од профитите на овие претпријатија да одат во буџетот на град Скопје, каде подоцна ќе се искористеа за изградба на нови детски градинки, за нови училишта,спортски сали, затворени базени, парите завршуваа во џебовите на тајкуните блиски до раководството на СДС и нивните фирми.
Граѓаните нема да дозволат да им се случи ново уништување и продавање на општествени и јавни претпријатија, заради нечии бизнис интереси и лични богатења.
Тоа време одамна заврши.
Ваквото лицемерие и негрижа кон сопствениот народ од страна на СДС, граѓаните го имаат почувствувано и добро го паметат.
За неправдата која му ја имаат нанесено на својот народ одговорност мора да има и таа набргу ќе следи.
Лагите и манипулациите на СДС и Зоран Заев, ќе му донесат убедлив пораз на претстојните локални избори.