Со хистерични прес конференции ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и признава дека цели 11 години работеа на уништување на економијата и на штета на граѓаните. Токму тие штети што ги направи Никола Груевски сега ги санира Владата предводена од СДСМ, со одговорно и рационално раководење со јавните финансии.

Лага се информациите кои Христијан Делев ги пласира за наводно ново задолжување. Станува збор за редовна процедура со којашто се носи одлука за нивото на задолжување на домашен пазар што е веќе предвидено во ребалансот на буџетот.

Се санираат штетите направени во економијата. Навремено се исплаќаат доспеаните обврски на државата, а задолжувањата на домашниот пазар се одвиваат по пониски каматни стапки и поповолни услови. Парите од буџетот се насочуваат за потребите на граѓаните.

Заврши времето на скапи и неконтролирани задолжувања и нетранспарентни трошења на буџетските пари за криминални тендери и провизии што ги спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски на штета на граѓаните далеку од очите на јавноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2017 23:43