Владата на СДС и Заев ја осиромаши и втурнаа државата во економска бездна и целосен крах.

Економските падови станаа заштитен знак на владата на СДС и Зоран Заев. Поради недомаќинското и неодговорно работење на СДС, Република Македонија бележи континуиран пад во градежништвото.

Државниот завод за статистика објави дека издавањето на градежни дозволи падна за цели 6,8 проценти.

Градежништвото е во пад поради неодговорното работење на СДС.

Преполовените капитални инвестиции, директно влијаат на пад во градежништвото кое претставува мотор и главен двигател на растот на бруто домашниот производ. Намалувањето на градежните активности, повлекува пад на уште 25 индустриски гранки, што значи дека македонската економија е во слободен вртоглав пад.

Бидејќи СДС е позната како влада која урива, веднаш по доаѓањето на власт стопира многу градежни проекти.

Падот на градежништвото значи дека се урива главниот погон на македонската економија. Кога паѓа градежништвото тоа значи дека страда и домашното стопанство. Помалиот извоз значи дека македонските компании помалку заработуваат, а помалата заработка значи и помалку пари во буџетот за градба на училишта, болници, патишта.

За само 5 месеци Република Македонија бележи пад на БДП за 1,8 проценти, пад на индустриското производство за 5,3 проценти, пад на извозот за 8,2 проценти, пад на странските инвестиции. Сето ова негативно ќе се одрази врз намалување на вработеноста, со што ќе значи дека во Република Македонија наместо нови вработување, ќе имаме отпуштање на работниците и враќање на сивата економија.

СДС е неславен рекордер. Заев и Тевдовски се најцрната точка во економијата.

Лошите макроекономски показатели станаа општ тренд на СДС, Заев и Тевдовски.

Граѓаните ги чувствуваат лошите економски политики на СДС и на локалните избори на 15-ти октомври ќе стават крај на уништувањето на македонската економија од страна на владата предводена од СДС



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2017 23:45