Владата на СДС за само четири месеци, со криминал, корупција и непотизам успеа да донесе помрачување во Македонија.
Веднаш по доаѓање на СДС на власт, се што видоа граѓаните е само криминални скандали, коруптивно владеење и непотизам.
Почнувајќи од лидерoт на СДС, аболицираниот Зоран Заев, веднаш ја злоупотреби власта за лично и семејно богатење. Неговиот братучед, Трајче Заев си купи гигант фирма со површина од 7.000 метри квадратни за само 20.000 евра. Сите знаат дека со тие пари едвај може да се купи една гарсониера со површина од 20 метри квадратни.
По пример на лидерот Заев, постапи неговиот Генерален секретар Драги Рашковски. Своите блиски роднини веднаш ги постави на високи функции по институциите а себеси си се назначи како член на одбор во Телеком со што секој месец довива хонорар од 500 евра.
Криминалот и непотизмот продолжи и кај вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој за краток период го прекрши Изборниот законик со што изврши пренамена на земјоделско во градежно земјиште, само за да фирмите на Анѓушев можат непречено и побрзо да ја изградат хидроелекраната „Тополка“. Криминалите продолжија во фирмата во сопственост на вицепремиерот Анѓушев која доби тендер за набавка, односно увоз на електрична енергија во вредност од 2,6 милиони евра. Но поради притисокот од јавноста и очигледниот криминал тендерот беше поништен од страна на ЕЛЕМ.
Скандалите на Заев и неговата криминална банда се откриени. Граѓаните видоа дека државата крахира, а тие се ставени во втор план и затоа за 3 дена, со пенкало во рака ќе го тргнат помрачувањето кое го донесе СДС и Заев. Граѓаните ќе бидат тие што ќе ја пуштат светлината на Новата Ера во Македонија.