СДС ги приватизираше во матна и криминална транзиција претпријатијата кои беа синоним за Градот Скопје. Скопски пазар, топлификација и многу други.

Таквата криминална продажба се случи и со фармацевскиот гигант „Градски Аптеки“, каде имотот отиде кај сопствениците на веледрогериите блиски до СДС.

Тогашната влада на СДС водејќи се од крајно лукративни прични и без никаква економска оправданост, донесе одлука и да го продаде фармацевскиот гигант „Градски Аптеки“ кое имаше преку 40 аптеки во нивна сопственост на атрактивни локации низ градот, за багателна цена.

Криминалната продажба на „Градски Аптеки“, заврши со масовни отпуштања на вработените во овој фармацевтски гигант, а со милионски профити за веледрогериите кои станаа негови сопственици.

Денес истите луѓе кои донесоа затворање на градски аптеки ветуваат живот во Скопје. Тие значат криминал, грабеж и незаконие во Град Скопје.

Граѓаните нема да дозволат криминалната приватизација и пустош кој СДС го остави во минатото, повторно да се случи.

Времето на лагите и празните ветувања заврши.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2017 10:59