Владата на СДС на веќе завршен автопат кој се чека да се пушти во употреба прави анекс на договор со подизведувачите кој чини 850 илјади евра, пари кој ќе бидат платени од државниот буџет.

Значи готов автопат, намерно го одолговлекуваат поради изборите, а граѓаните тоа ќе го платат со 850 илјади евра. Скандалозен анекс кој не се однесува на градежни работи туку на надзор.

Со ова почитувани граѓани се врши директна злоупотреба на вашите пари и отвора сомнеж за тежок криминал кои СДС, Заев и Сугаревски свесно сакаат да го направат.

Погледнете ја оваа снимка каде што директно покажува дека автопатот Демир Капија – Смоквица е целосно готов, но владата на СДС и Зоран Заев не го пуштаат во употреба пред избори само затоа што автопатот е изграден во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Според снимката која ја погледнавте, фактичката состојба на терен покажува дека автопатот е готов и подготвен за возење, но поради лични хирови на Зоран Заев и СДС свесно се одолговлекува неговото пуштање, а граѓаните се принудени да кружат по споредни патишта.

Новиот автопат се протега од излезот на Демир Капија преку село Миравци до Смоквица каде што се поврзува со постојниот автопат. Има две клучки, кај Миравци и кај Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина до 100 до 500 метри, шест подпатника и два подпатника. Со неговата изградба на овој автопат патувањето од Гевгелија до Демир Капија е скратен од 40 на само 15 минути, а инвестицијата изнесуваше 218 милиони евра.

Оваа инвестиција да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт до сега ќе беше готова, а Македонија ќе имаше нов автопат.

СДС се неспособни и целосно неодговорни и кон државата и кон граѓаните. Неодговорноста и негрижата за потребите и интересите од страна на СДС и Заев е повеќе од очигледна. СДС и Заев за 5 месеци владеење не можат да пуштат во употреба веќе завршен автопат.

Поради расипничко и криминално владеење на СДС граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе им испорачаат тежок катастрофален пораз на СДС и Зоран Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2017 13:47