СДС во управување со ЕЛЕМ за само еден ден ќе ја оштети државата за над 640 илјади евра
ЕЛЕМ под палката на СДС книжи милионски загуби. Неодговорното работење на СДС во управувањето со ЕЛЕМ за само еден ден ќе ја оштети државата за над 640 илјади евра.
Резултатот од работењето на скапо платените советници и белосветски мешетари Обрадовиќ и Башановиќ излегува на површина, буџетот на државата за само еден ден е оштетен за цели 645.000 евра. Граѓаните сега можат да видат за што служат скапо платените советници на Заев, Башановиќ и Обрадовиќ и во која насока истите го советуваат Заев.
Расипничката влада на СДС купува струја по цена и за 50% повисока од пазарната. Имено ЕЛЕМ купува струја по унгарски цени во висина од 62.8 евра за мегават час, во услови кога истата на берзите во соседството се продава за 41.1 евра за мегават час.
Цената на струјата на берзата во Софија-ИБЕКС, изнесува 41.1 евра за мегават час, додека ЕЛЕМ купува струја по цена од 62.8 евра за мегават час, односно цели 21.7 евра по мегават час повеќе од реалната пазарна цена.
СДС купува 29.700 мегават часови струја за 1.865 милиони евра, во услови кога истата количина на струја може да ја купи за 1.220 милиони евра, СДС ја преплаќа струјата за цели 645 илјади евра.
СДС ги ограбува граѓаните. Граѓаните се жртви на погубната политика на СДС. Ова е расипништво од најголем вид, ова е расипништво на дело.
За ваквото расипништво со парите на граѓаните некој мора да сноси одговорност. СДС треба да им одговори на граѓаните во чии џебови завршуваат 645.000 евра кои се диспаритетот кој го плаќа ЕЛЕМ помеѓу реалната пазарна цена и цената по која купуваат струја.
Дали можеби разликата во цените во висина од 645.000 евра ќе заврши во цели на предизборна корупција? Или можеби во џебовите на Заев, Анѓушев и скапо платените српски советници?
На граѓаните им е преку глава од расипништвото на СДС. Граѓаните гледаат дека СДС и нивните функционери работат исклучиво за своите приватни интереси. Граѓаните ќе го казнат СДС за сета штета што и ја нанесоа на државата на претстојните локални избори на 15-ти октомври.