Се наоѓаме пред основното училиште „Ѓоргија Пулевски“ во општина Аеродром. Во оваа училиште поради неодговорните политики на СДС во образованието недостасуваат 1.401 учебници.
Учениците низ основните училишта во државата се жртви на неспособноста на владата на СДС, и на неодговорните политики во образованието на Зоран Заев и Рената Десковска.
Скандал од невидени размери е 43 дена по почетокот на учебната година, во основните училишта се уште недостасуваат учебници за учениците, а во надлежните институции владее молк.
Молк во министерството за образование, молк во владата. СДС молчи и не кажува ништо за овој огромен скандал.
Недостасуваат повеќе од 34 илјади учебници низ основните училишта во државата.
Зошто Заев и Десковска бегаат од одговор и одговорност? Зошто нема бесплатни учебници? Каде се парите за учебниците?
Граѓаните чекаат одговори зошто недостасуваат над 34 илјади учебници, цели 43 дена по стартот на учебната година.
За овој пропуст мора некој да одговара!
Со ова СДС, Зоран Заев и Рената Десковска на дело ја покажуваат својата негрижа и неспособност, со ваквото неодговорно однесување кон образованието. Заев и Десковска сигурно го уништуваат образованиот процес во Македонија.
Поради тоа што во основните училиштата нема учебници кои се основно средство за извршување на наставата, а на тој начин наставниците не се во можност да го реализираат месечниот наставен план, постои голем ризик дека во зимниот распуст учениците ќе бидат принудени да останат во училишните клупи.
Недозволиво и неоправдано е ваквото неодговорно однесување на владата на СДС.
Граѓаните ќе го казнат СДС за сета неодговорност и неспособност на претстојните локални избори на 15-ти октомври.