Компанија ГФК која се занимава со истражување на пазарот, објави извештај со кој ги исплаши инвеститорите во компанијата која го произведува брендот IPhone, Apple. Извештајот објавен минатата недела направен врз основа на анализа и информации од продажните канали на Iphone, покажува дека продажбата на новиот IPhone 7 и не е така успешна како што се очекувало пред официјално да излезе на пазарот.

Германската истражувачка компанија во извештајот заклучува дека продажбата на IPhone 7 е намалена за цели 25% во споредба со продажбата на IPhone 6S од минатата година. Овој извештај не е прв на истражувачката компанија од ваков тип, а слична анализа објави и минатата година кога го оспори процентот на продажба на IPhone 6 и IPhone 6S изнесен од страна на директорот на Apple, Тим Кук.


Помала продажба на IPhone 7 во споредба со 6S

Како резултат на подочекуваната продажба на новата верзија на IPhone акциите на компанијата Apple паднаа за 1,7% на светските берзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2016 02:24