Согласно извештајот Дуинг бизнис во најдобрите десет економии се вбројуваат Нов Зеланд (1), Сингапур (2), Данска (3), Хонг Конг (4), Република Кореја (5), Норвешка (6), Велика Британија (7), САД (8), Шведска (9) и Македонија (10). Во Европа пред Македонија се само четири економии и тоа Данска, Норвешка, Велика Британија и Шведска, што претставува огромен успех за државата.

Уште позначајно е тоа што во најновиот извештај Дуинг Бизнис, Македонија е подобро рангирана од 25 земји членки на ЕУ. Така, Македонија е подобро рангирана од Естонија (12), Финска (13), Латвија (14), Германија (17), Ирска (18), Австрија (19), Литванија (21), Полска (24), Португалија (25), Чешка (27), Холандија (28), Франција (29), Словенија (30), Шпанија (32), Словачка (33), Романија (36), Бугарија (39), Унгарија (41), Белгија (42), Хрватска (43), Кипар (45), Италија (50), Луксембург (59), Грција (61) и Малта (76).


Светска Банка: Македонија на 10-тото место според услови за водење на бизнис

Македонија е најдобро рангирана земја во цела Источна Европа. И оваа година е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од Словенија (30), Романија (36), Бугарија (39), Хрватска (43), Србија (47), Црна Гора (51), Албанија (58), Косово (60), Грција (61), Турција (69) и Босна и Херцеговина (81).



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2016 00:41