Бајкалското езеро ќе прерасне во туристички центар од светска класа. Кинескиот конзорциум “Chungjingxin“ планира да вложи повеќе од 11 милијарди долари во проектот, со кој планира Бајкалското езеро да го стави на врвот на туристичките места во Европа и пошироко.

Кинезите се одлучиле на ваков чекор бидејќи природата и самата убавина на езерото дава позитивни сигнали дека вложените средства за многу краток период ќе генерираат голем профит. Конзорциумот склучил договор со Руската туристичка агенција Гранд Бајкал а почетокот на реализацијата на овој голем проект се очекува да биде во 2017 година по обезбедување на целосната документација.

„Планираме да изградиме најмодерни туристички атракции и да поставиме придружна транспортна и логистичка инфраструктура околу Бајкалското езеро, за да привлечеме значителен број на туристи во регионот“, се наведува во соопштението на Гранд Бајкал.


11 милијарди долари ќе се инвестираат во Бајкалското езеро

Новиот туристички центар ќе биде изграден на локацијата на напуштената фабрика за картони во градот Забајкалск. Фабриката, која е затворена пред три години, била еден од најголемите загадувачи а токму поради ова од компанијата неведуваат дека при изградбата на туристичкиот центар главен акцент ќе биде ставен на еколошките стандарди и заштита на животната средина.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2016 14:22