Демант на коментарите и ставовите на новинарот во емисијата "Само Вистина" на Канал 5 Телевизија емитувана на 16.10.2017
Лага е и тенденциозна невистина дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дошол во ВМРО-ДПМНЕ од Демократска Aлтернатива.
ВМРО-ДПМНЕ наостро го осудува непрофесионалното однесување на новинарката-водителка на емисијата “Само вистина“, емитувана на Kанал 5 на 16.10.2017 година. Имено новинарката во низа наврати покажа дека преку нарушување на професионалното новинарско ниво отворено завземаше политичка, па дури и партиска страна, што не треба да биде случај со медиум кој се прикажува себе си за независен.
Новинарката за жал тенденциозно бесрамно излажа дека цитираме “врхушката да речеме е не чисто ВМРО-ДПМНЕОВСКА затоа што гледаме дека дошле од друга партија во ВМРО-ДПМНЕ. Конкретно Демократска Алтернатива Никола Груевски“. Тоа е класична лага во насока на реториката на одредени политички субјекти кои директно или индиректно се поврзуваат со СДС.
Бараме телевизијата Канал 5 и новинарката јавно да се извини и огради од лагите и ваквите тенденциозни коментари на новинарката и изнесените конструкции.