Животот кој го носи СДС значи укинувања, беда и сиромаштија. Граѓаните со владата на СДС секој ден стануваат се посиромашни, а државата се позадолжена.

Доказ за тоа е дека и според податоците на Обединетите нации во Република Македонија 450.000 жители живеат во ризик од сиромаштија. Само десет насто од тие граѓани се вработени, во неформалниот сектор, и живеат со помалку од 6.500 денари месечно.

Неодговорноста на СДС нема граници, ја задолжи државата со околу половина милијадра евра за само 4 ипол месеци. Со задолжените пари владата на СДС не направи ниту една капитална инвестиција, и не им кажа на граѓаните каде ги потроши парите. Но во исто време владата на Зоран Заев крати од плати, субвенции за земјоделците, инфраструктурни проекти и други капитални расходи.

Неодговорната влада на СДС се коцка со судбината на граѓаните. Владата на СДС нема план и желба да ги реши проблемите на граѓаните.

Граѓаните од владата на СДС очекуваат да ги исполни дадените ветувања и да отвори нови работни места.

Македонските граѓани не се должни да живеат на работ на сиромаштијата и да го плаќаат луксузниот живот на владата на СДС.

Граѓаните можат да стават крај на ваквиот расипнички однос на СДС. СДС ќе одговора пред идните генерации за уништувањето на нивната иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2017 12:23