Сообраќајна несреќа која се случи утрово на раскрсницата помеѓу булеварите „Климент Охридски“ и „Митрополит Теодисиј Гологанов“ и во неа со телесни повреди се здобил велосипедист.

Според информации од социјалните мрежи полициско возило удрило во велосипедист. По сообраќајна незгода велосипедистот со лесни телесни повреди е пренесен во скопскиот клинички центар.

„На семафорот пред ЕУ инфо центар, полициско возило, на пешачки премин, удри во велосипедист. Полициското возило свртело десно заобиколувајќи го триаголникот и го удрил велосипедот додека поминувал пешачки на зелено. Најважно од се - велосипедистот е во ред.

Министерство за внатрешни работи Oliver Spasovski ова е еден од низата случаи за кои НаТочак укажува за третманот на полициските службеници кон велосипедскиот сообраќај. Секојдневно сме сведоци на паркирани полициски коли на велосипедска патека, наместо службениците да се ангажираат во казнување на автомобилите кои го практикуваат тоа, тие самите ја загрозуваат безбедноста. Секојдневно сме сведоци на непрописно возење, прекршување правила и прописи од страна на полицијата, дури и кога нема пуштено ротациони светла, но општоприфатено е тоа да се толерира бидејќи - тие се полиција.

Имаме системски проблем. Бараме многу посериозен ангажман од МВР заедно со РСБСП за едукација на службениците во однос на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај. И ние сме сообраќај рамноправен со останатите. За безбедност НаТочак!“ - беше објавено на фејсбук страната на НаТочак.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2017 13:09