Владата на СДС и Зоран Заев за четири и пол месеци ги задолжи граѓаните за над половина милијарда евра или неверојатни 540 милиони евра.
Вкупниот јавен долг со секој нов ден од овие неодговорни, неспособни и алчни луѓе на власт достигнува историско ниво, без да се каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации на Република Македонија.
Социјалдемократскиот сојуз во просек го задолжи секој граѓанин за 16.605 денари, а едно четиричлено семејство го задолжи за 66.420 денари.
Расипништвото на СДС и Зоран Заев не престанува.
Поради алчноста на СДС и Зоран Заев во Република Македонија, секое бебе се раѓа со долг од 1.500.000 денари. Ова значи дека секое новородено дете се раѓа со хипотека на неговата иднината.
Ова ни најмалку не може да се нарече живот кој што го ветуваа пред изборите.
СДС не може вечно да се задолжува, а притоа да не реализира ниту една единствена капитална инвестиција.
Република Македонија нема веќе простор за нови задолжувања, а за сите задолжувања кои што ги направи и продолжува да ги прави алчната, неодговорна и неспособна власт на Зоран Заев.
За овие незаконски задолжувања и финансиски злодела на СДС и Заев мора да има и ќе има одговорност и ревизија.
Граѓаните можат да ја казнат оваа алчност и расипништво на СДС и Зоран Заев.