Меѓународната хакерска група Анонимуси ја нападна интернет страницата на шпанскиот Уставен суд.

Нападот почнал непосредно пред почетокот на вонредната седница на шпанската Влада посветена на каталонската криза.

Хакерскиот напад бил дел од кампањата наречена „Слободна Каталонија“ која Анонимуси ја објавија на социјалните мрежи, објави онлајн изданието на весникот „Вангардија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2017 03:05