Владејачката коалиција во Јапонија, составена од Либерално-демократската партија на премиерот Шинзо Абе и партијата „Нова Комејто“ добија најмалку две третини од местата во Долниот дом на Парламентот, покажуваат првичните резултати.

Локалните медиуми јавија дека коалицијата добила 310 од 465 места во Оретставничкиот дом, Уставно демократската партија добила 51, Партијата на надежта - 49, Јапонската комунистичка партија - 11, а Партијата на јапонската обнова девет места.

Вкупно 24 места добиле независни кандидати и претставници на Јапонската социјалдемократска партија. Засега не е јасно кој освоил уште 10 места.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2017 03:24