Долгогодишниот министер за финансии на Германија, Волфганг Шојбле, денеска е избран за претседател на Буденстагот, а во Парламентот, на конститутивната седница, првпат се појавија и пратениците од крајната десница, Алтернатива за Германија (АфД), и објавија почеток на „нова ера“.
Шојбле, кој е член на владејачката конзервативна коалиција на канцеларката Ангела Меркел, им рече на пратениците дека почитувањето на противниците ќе биде важно за новиот парламент.
– Потребна е демократска дебата, но тоа е дебата во рамки на правилата. Таа подразбира подготвеност да се почитуваат демократските процедури и одлуките на мнозинството да не се отфрлаат како нелегитимни, како предавство или нешто друго – рече новиот претседател на германскиот парламент.
Коалицијата на Христијанско демократската унија и на Христијанско социјална унија (ЦДИ-ЦСУ) на канцеларката Меркел, либералната Слободна демократска партија (ФДП) и Зелените почнаа преговори за влада, кои би можеле да потраат подолго.