Шпанскиот крал Фелипе Шести синоќа е прогласен за персона нон грата од Градскиот совет на каталонскиот град Жирона, во кој сепаратистите имаат силни позиции.

Покрај Фелипе Шести, за непожелна личност е прогласен и претставникот на централната Влада во Каталонија, Енрик Мило.

Градскиот совет на Жирона со мнозинство гласови го отфрли активирањето на членот 155 од шпанскиот Устав. Шпанскиот премиер Маријано Рахој веднаш по референдумот за независност на Каталонија го активира членот 155, со кој е предвидно ограничување на локалната самоуправа во Каталонија.

Претходно, предлогот за прогласување на шпанскиот крал за персона нон грата беше отфрлен од градскиот совет на Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2017 12:28