Основното јавно обвинителство по една година од поднесувањето, првпат презема активност по кривичната пријава за упадот на Единиците за брзо распоредување (ЕБР) во седиштето на Студентскиот Парламент на 30 јуни лани.

Кривичната пријава е поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на 29 септември 2016, против тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, непознат раководител во полицијата и припаници на ЕБР.

Утрово ја добив поканата за сослуување на 6 ноември, како сведок и директен учесник во настаните. Не знам до каде е постапката, но ме радува што се отвора постапка за овој настан, кој е важен за академската заедница, пред се за студентите кои беа брутално исфрлени од просториите кои им припаѓаат и сакаа да спречат нерегуларни избори, плус беа нападнати од физички лица. И што е многу важно, сето ова беше уредно пријавувано во полицијата, но полицијата не реагираше, за на крај полицијата да испрати припадници на ЕБР да ги истепаат пријавувачите. Посебно што сето тоа се случуваше на простор на УКИМ, кој според Уставот и законите е дел од автономијата на Универзитетот, вели за НОВА, Ивана Туфегџиќ, сега пратеничка во Собранието.

Таа вели дека снимките, исказите на сведоците и целата истрага треба да докажат како Чавков ја издал таа наредба, и се надева дека Обвинителството конечно че ја врши својата работа и ќе ја утврди вистината за овој настан, кој како што вели е битен за правдата во државата.

На 30 јуни вечерта, гласањето за избор за студентски лидер, за кое Студентскиот пленум алармираше дека се спроведува незаконски, со многу прекршувања, притисоци и закани, Единиците за брзо распоредување на полицијата насилно влегоа во седиштето на СПУКМ каде што претставници од студентскиот пленум ја блокираа вратата од просторијата во која се приврзаниците на претседателот на Студентскиот парламент Кирил Спироски.

Пред зградата дојдоа и голем број граѓани кои им се спротивставија на полицајците бидејќи кренале раце врз студентите. Некои од студентите кои беа дел од блокадата, беа присилно извадени од пред влезот на СПУКМ.

ЕБР за пет минути го расчисти теренот студентите се исфрлени надвор. Студентските избори кулминираа со насилство и бруталност. ЕБР пред седиштето на СПУКМ пристигнаа со оклопни возила и со целокупна опрема.

Во 22 часот, пристигнала Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со борни возила, кои тргнале кон студентите кои биле седнати во просторијата. Полициските службеници насилно влегле во просториите на Студентски парламент, почнале да ги шутираат и да ги удираат за да направат пат за да влезат лицата со кутиите.

Со дрско однесување, навредувајки ги, со употреба на сила ги истуркале надвор од просторијата. Откако ги истуркале надвор студентите, оформиле кордон пред кој стоеле студенти со дигнати раце, кои скандирале ” Стоп за полициска бруталност”.

Најмалку еден од службениците извадил пендрак и удирал по присутните студентите. Во кривичната пријава, во делот за конкретниот упад и насилството на полициските припадници, се наведува дека „во 22 часот, пристигнала Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со борни возила, кои тргнале кон студентите кои биле седнати во просторијата.

Полициските службеници насилно влегле во просториите на Студенски парламент, почнале да ги шутираат и да ги удираат за да направат пат за да влезат лицата со кутиите.

Со дрско однесување, навредувајки ги, со употреба на сила ги истуркале надвор од просторијата. Откако ги истуркале надвор студентите, оформиле кордон пред кој стоеле студенти со дигнати раце, кои скандирале ” Стоп за полициска бруталност”. Најмалку еден од службениците извадил пендрак и удирал по присутните студентите“.

Меѓу предложените сведоци на бруталноста освен пратеничката Туфегџич, се и претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска, актерката Ивана Павлаковиќ и новинарот Борјан Јовановски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2017 13:39