Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон го откажа обраќањето до јавноста во кое се очекуваше дека ќе го распушти парламентот и распише регионални избори за 20 декември.
Претходно, двајца функционери од неговата партија ПДЕКат поднесоа оставки.
Шпанскиот весник Паис објави дека заменикот на Пуџдемон, Џорди Баигет го напуштил седиштето на партијата со извици „издајнику“, а оставка дал и Џорди Куминал, заменик шеф на движењето Џунтс пел си, од ОДЕКат.
Шпанскиот весник Ла Вангардија извести дека каталонската Влада анализира дали да организира регионални избори на 20 декември.