Доколку се точни наводите изнесени од порталот Плусинфо, му препорачуваме на обвинителството и судот, наместо да ја убиваат слободната мисла, со истата енергија да се посветат кон расветлување на коруптивниот случај каде премиерот Заев на видео снимка бара поткуп од 200 илјади евра.
Наместо да го влечкаат случајот со години низ судските лавиринти, со што веќе наидуваат на потсмев и прават пародија со прифаќање на смешните оправдувања на Заев треба да се фатат за работа и да утврдат уште колку граѓани морале да платат стотици илјади евра кај Вице. Понижувачки за граѓаните е законот да важи за сите останати, а на Заев да му се прогледува низ прсти кога бега од правдата со наводни средби со струмичкиот конзул и негов пријател, па со обврски во владата или со средби со некој амбасадор на земја од Африка. Недостасува уште да му прифатат оправдување дека ќе оди на потстрижување и заради тоа да одложат уште едно рочиште.
АВМУ и обвинителство не реагираа кога СДС преку медиумите во својата кампања објавуваше монтирани разговори, а сега тргнаа во операција да го сокријат од граѓаните барањето на поткуп од страна на Заев. Ова не е правда, туку неправда и двојни аршини. Граѓаните секако ќе ја дознаат вистината за криминалното работење на Заев, а кога ќе се врати правната држава ќе следи преиспитување на работата на сите кои постапувале политички, а не согласно закон.