СДС откако е на власт за овие 5 месеци единствено што направи е уништување на економската клима во Република Македонија.

Зоран Заев и неговиот министер за задолжување Тевдовски ги зголемија даноците преку воведување на нови давачки.

Полека но сигурно Заев со својата расипничка политика Македонија ја турка во економски крах.

Граѓаните ги почувствуваа на својот грб овие погубни политики на владата на СДС. Граѓаните се на работ на егзистенцијата, трошоците растат, а платите се намалуваат.

СДС успеа за краток временски период да ги стопира сите капитални инвестиции кои ги започна владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а македонската економија ја втурнаа во целосен колапс.

Катастрофалните економски политики на владата на СДС придонесе за падот на просечната плата за 0,7%. Се намалија платите, започна да расте сиромаштијата и невработеноста, запре покачувањето на пензии, целата држава започна да тоне.

Животниот стандард на граѓаните константно се намалува, а раководството во владата на СДС и Заев инкасираат милионски суми на нивните сметки.

Додека неспособната влада на СДС ужива во луксуз и раскош, граѓаните на Република Македонија повторно ќе ги преживуваат мрачните времиња на криминалната транзиција на СДС. Оваа влада полека но сигурно не враќа во 90-тите.

Се што СДС прави на економски план е спротивно од интересите на граѓаните, а во полза на врхушката на власта.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2017 15:15