Сите макроекономски показатели укажуваат дека Македонија е длабоко навлезена во период на рецесија. Извозот е намален, индустриското производството е исто така намалено, а бруто домашниот производ за последниот квартал е намален за 1.8 проценти. Овие податоци ги потврдуваат и сите релевантни меѓународни економски институции како Светската Банка и ММФ.
Благодарение на политиканството на СДС и прекинот на сите капитални инвестиции кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ, градежната индустрија доживеа вистински шок и набрзо ќе реагира преку отпуштање на голем број работници.
Директен виновник за рецесијата во Македонија е СДС и црната економска тројка Тевдовски, Заев и Анѓушев кои работат за свои лични интереси, а не во интерес на граѓаните.
Додека тие ги бројат своите милиони кои ги чуваат во странски валути бидејќи инфлацијата за месец август изнесува 1.9 проценти, граѓаните се плашат за своите работни места и плаќаат повисоки цени за сите производи. Овие податоци се потврдени и од НБРМ која излезе со проценка дека инфлацијата ќе продолжи да расте. НБРМ излезе со став дека БДП до крајот на годината ќе падне од 0,5% до 0,9%. Платите и пензиите не растат во согласност со трошоците за живот како што ветуваше СДС напротив пензиите не пораснаа, а просечната плата која СДС ветуваше дека ќе изнесува 500 евра откако СДС е на власт се намали за 0.7 проценти.
СДС планира дополнително да ги зголеми давачките. Повисоките даноци и придонеси ќе остават голем број работници на улица, а ќе го намалат куповната моќ на оние малкумина кои ќе ги задржат своите работни места.
Инкохерентните економски политики, на моменти невротични без конкретен правец го плашат и бизнис секторот и граѓаните. Неспособноста на Тевдовски и СДС ја плаќаат граѓаните, а најпогодени ќе бидат социјално ранливите категории на граѓани кои се на работ на сиромаштијата.
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека во Македонија може да има економска благосостојба и континуиран раст на економијата. БДП на Македонија со правилни економски политики растеше и во услови на една од најголемите економски кризи во поновата историја. Во тој период невработеноста се намали за повеќе од 12 проценти, а просечната плата порасна од 12 илјади на 22 илјади денари. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека со работа, правилни економски политики и Македонија пред се државата може да биде економски стабилна и силна. Лошите економски политики на СДС набрзо ќе им се удрат од глава, кога граѓаните ќе ја пронајдат ината за економскиот колапс во владата предводена од Заев, а ветерот и маглата кој го продаваат нема да биде доволен да ги задржи на власт.