По гласањето во каталонскиот Парламент, со кое областа прогласи независност од Шпанија, шпанскиот премиер Мариано Рахој повика на смиреност.
– Барам сите Шпанци да останат смирени. Владеењето на правото ќе ја обнови законитоста во Каталонија, наведе Рахој на неговиот Твитер налог, само неколку минути откако Каталонија прогласи независност.
Каталонскиот Парламент денеска со тајно гласање прогласи независност на автономната област.