Актуелниот НБА шампион Голден Стејт ноќеска тешко стигна до четвртата победа сезонава. Противникот Вашингтон во третиот период во неколку наврати имаше 18 поени предност. Сепак шампионот предводен од Кевин Дјурант, кој постигна 31 поен успеа да направи пресврт и да го добие дуелот.
Минесота славеше домашна победа над фаворизираниот тим на Оклахома Сити, а Карл-Ентони Тоунс реализираше 33 поени. Хјустон предводен од Џејмс Харден, кој оствари „трипл дабл“ (прв сезонава): 27 поени, 10 скокови и 11 асистенции славеше победа на гостувањето кај Шарлот, додека Сан Антонио го „запиша“ првиот пораз на гостувањето кај Орландо.
Првата победа ноќеска ја постигна Њујорк, благодарение на серија од 25:6 против Бруклин во третиот период.
Резултати:
Шарлот – Хјустон 93:109,
Орландо – Сан Антонио 114:87,
Атланта – Денвер 100:105,
Њујорк – Бруклин 107:86,
Минесота – Оклахома Сити 119:116,
Голден Стејт – Вашингтон 120:117 и
ЛА Лејкерс – Торонто 92:101.