Шкотската влада соопшти дека „го почитува и разбира” ставот на владата на Каталонија.

Владата, предводена од страна на Шкотската национална партија, која се залага за независност на Шкотска, изјави дека „наметнувањето на директна контрола на Мадрид не може да биде решение”

Шкотската министерка за надворешни работи Фиона Хислоп во соопштението наведе дека народот на Каталонија „мора да има можност да одлучува за својата иднина”.

– Европската унија има политичка и морална одговорност да го поддржи дијалогот за да се утврди дека ситуацијата може да се реши мирно и демократски, рече Хислоп.

Во Шкотска постојат тенденции за независност од Велика Британија. Но, на референдум во 2014 година 55 отсто гласаа против, додека 44 беа за независност.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2017 17:15