Жан-Ги Таламони, претседател на регионалниот Парламент на француската независна административно-територијална единица Корзика, ги поздрави владата и парламентот на Каталонија за прогласувањењто на независност.

– Ние го поздравуваме раѓањето на Каталонската Република и изразуваме солидарност со нејзината влада и нејзиниот народ, напиша Таламони на Твитер.

Тој изрази и жалење што „историскиот настан не поминал во мирни услови“ и дека шпанските власти со години не го земале во обзир стремежот на каталонскиот народ за суверенитет.

Таламони истакна и дека владата на Каталонија презела мерки со цел да се реши проблемот со преговори и речиси еден месец го пролонгираше прогласувањето на независност. Тој ја обвини шпанската влада дека демонстрирала „непомирливост и неодговорност“ укинувајќи ја каталонската независност и ја разреши каталонската влада.

Корзика е под француска власт од 1768 година и подолг период бара независност.

Претходно, Владата на Шкотската соопшти дека „го почитува и разбира” ставот на владата на Каталонија.

Владата, предводена од страна на Шкотската национална партија, која се залага за независност на Шкотска, изјави дека „наметнувањето на директна контрола на Мадрид не може да биде решение”

Шкотската министерка за надворешни работи Фиона Хислоп во соопштението наведе дека народот на Каталонија „мора да има можност да одлучува за својата иднина”.

– Европската унија има политичка и морална одговорност да го поддржи дијалогот за да се утврди дека ситуацијата може да се реши мирно и демократски, рече Хислоп.

Во Шкотска постојат тенденции за независност од Велика Британија. Но, на референдум во 2014 година, 55 отсто гласаа против, додека 44 беа за независност.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2017 17:21