Канада го отфрла едностраното објавување на независност на Каталонија и апелира за дијалог со Мадрид.

– Според меѓународните законски принципи, признаени од Врховниот суд на Канада, таквите решенија треба да бидат донесени во рамките на Уставот. Канада признава една единствена Шпанија, изјави Ендру Лесли, парламентарен секретар на канадскиот министер за надворешни работи Кристија Фријланд.

Лесли посочи и дека најдобар излез од кризата е дијалог меѓу Шпанија и Каталонија во рамките на Уставот.

Во меѓувреме, канадскиот премиер Џастин Трудо на прес конференција во Квебек изрази надеж дека настаните во Шпанија ќе поминат без насилство.

Социјалдемократите од Нова демократска партија, која е во опозиција, соопшти дека Каталонците имаат право на самоопределување.

Лидерот на опозициската Квепска партија Жан-Франсоа Лизе изјави дека неговата партија ја признава и поддржува независноста на Каталонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2017 17:23