Кина ги разбира напорите на шпанската влада за зачувување на националното единство и спротивставување на активностите за распарчување на државата, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг.

Позицијата на Кина за ова прашање е јасна и цврста, рече Хуа, повторно укажувајќи на поддршката што Кина претходно и ја изрази на Шпанија.

– Ние сметаме дека ова е внатрешно прашање на Шпанија и ги разбираме и поддржуваме напорите на шпанската влада да го заштити националното и народното единството и територијалниот интегритет. Се спротивставуваме на актите со кои се распарчува државата и се крши владеењето на правото. Веруваме дека Шпанија има можност да го зачува општествениот поредок и да ги гарантира граѓанските права во рамки на законите, изјави Хуа.

Каталонски парламентот во петокот изгласа независност, по што шпанскиот Сенатот и одобри на владата на премиерот Маријано Рахој да воспостави директна контрола над Каталонија.

Покрај тоа што Рахој ја распушти владата на Каталонија, тој го распушти и регионалниот парламент и закажа регионалните избори за 21-ти декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2017 18:15