Прометот во трговијата на мало, во септември годинава во споредба со истиот месец лани бележи зголемување групата во Трговија на мало со автомобилски горива и тоа номинално за 10 отсто, а реално за 7,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,4, а реално за 7,7 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 4,4, а реално за 3,0) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 5,3, а реално за 5,9 отсто).



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2017 16:49