Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев денеска се сретна со директорот на Управата за водење матични книги Ѓоко Котевски.

На работната средба, како што информира општина Карпош, се разговараше за отворање подрачна канцеларија на Управата за водење матични книги на територијата на локалната самоуправа. Во неа граѓаните на Карпош ќе можат да добиваат официјални документи кои ги издава оваа институција.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2017 17:13