Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг за третото тримесечје годинава, според кои има намалување во однос на претходното тримесечје.

Заклучно со 30 септември 2017, државниот долг изнесува 3,87 милијарди евра или 37,8 проценти од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува намалување за 9,6 милиони евра, односно за 0,1 процентен поент .

Јавниот долг на Република Македонија, кој ги вклучува државниот и гарантираниот долг, за третото тримесечје годинава изнесува 4,69 милијарди евра, што претставува 45,8 проценти од БДП или споредено со претходното тримесечје претставува намалување за 16,8 милиони евра во апсолутен износ, односно за 0,2 процентни поени.

Од Минитерството за финансии посочуваат дека намалувањето на јавниот и државниот долг се должи на отплата на обврски за надворешен стар долг во вкупен износ 101,9 милиони евра.

Минситерот за финансии Драган Тевдовски декеска соопшти дека од почетокот на јуни нето задолжувањето и на домашниот и надворешниот пазар е 27 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2017 21:26