Министерството за финансии (МФ) на денешната аукцијата издаде државни хартии од вредност во износ од 4.402,36 милиони денари, односно 71,58 милиони евра.

Како што информираат од Министерството, станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 3.017,69 милиони денари со камата од 1,85 отсто, две-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 317 милиони денари со камата од 2,1 отсто, три-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 537 милиони денари со камата од 2,35 отсто и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 530,67 милиони денари со камата од 3,8 отсто.

Утре Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 4.113,44 милиони денари (66,88 милиони евра).

– Разликата од 288,92 милион денари (4,69 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија, велат од Министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2017 21:39